Приватна размена на пораки
Твојата приватност е приоритет за нас. Со целосното шифрирање може да сметаш дека личните пораки ќе останат помеѓу тебе и оние на кои им ги праќаш.
Твојата приватност е приоритет за нас. Со целосното шифрирање може да сметаш дека личните пораки ќе останат помеѓу тебе и оние на кои им ги праќаш.
Пораките и повиците остануваат помеѓу вас. Никој друг не може да ги чита или слуша, дури ни WhatsApp.
Додаваме дополнителни слоеви на заштита на сите твои разговори и покрај целосното шифрирање.
Ти избираш што ќе споделиш, како ќе се прикажува тоа онлајн или кој може да зборува со тебе.
Заштити ги со лозинка најличните разговори за да не може да ги види никој што го користи твојот телефон.
Со пораките што исчезнуваат може да контролираш кои пораки ќе се зачуваат и до кога, откако ќе поставиш да исчезнат по одредено време.
Филтрирај ги непосакуваните или непознати контакти да не ти се јавуваат за да можеш да се фокусираш на разговори што навистина ти се важни.
Заштити ја приватноста на твоите бекапи. Вклучи шифрирани резервни копии за да може безбедноста на целосното шифрирање да важи и за твоите пораки зачувани на iCloud или Google Drive.
Избери да те гледаат само оние што сакаш да те гледаат. Може да ги приспособиш поставките за приватност и да избереш кој може да види кога си онлајн и кога последен пат ти била вклучена WhatsApp.
Заштити ја твојата сметка од хакери и измамници
и спречи ги непосакуваните разговори.